За нас

За Frutti di Mare

Годините минуваат, генерациите се менуваат, а останува само виното… и конобите, велат стиховите на една песна. Постојаниот стремеж на човекот, да се оттргне од грубото секојдневие и сонот да му стане реалност како во стиховите на песната, се моментите што ќе ги доживее во ресторанот – коноба “ Фрути ди Маре“. Место кое успеа да ги обедини љубителите на морската храна и да го донесе свежиот морски воздух во нашиот град. Кулинарските тајни главно потекнуваат од Далмација, збогатени со по некое гурманско волшебство од Италија и Скандинавија. На менито можете да најдете преку 15 различни видови риби, креативно приготвени од магичните раце на светски реномираните готвачи, со врвна презентација на АРТ кујна. Покрај морската храна, во менито ќе најдете и квалитетни оброци од месо, свежи салати, топли супи, домашен леб и многу други гурмански задоволства кои ги будат и негуваат сетилата… Кога се готви со ЉУБОВ, се готви храна за ДУШАТА